Поранешниот народен правобранител Зибери во Топ Тема: Aтентат врз една институција – „Значи институциите можат да ги повредат права на граѓаните, а тие да немаат каде да тропнат“
Како и зошто не се избра нов омбудсман? Кому му смета институцијата народен правобранител?
Дали неодговорниот однос на парламентарното мнозинство е страв од контрола, потценување на граѓаните или почетна дрскост на една авторитарна власт?
Во Топ Тема вечерва интервју со поранешниот народен правобранител, Насер Зибери. Тој уште на самиот старт на емисијата посочи дека институцијата Народен правобранител е во многу лоша состојба од неисплатени плати, до долгови за закупнина на сите седишта на институцијата.
„За жал во многу незавидна и лоша информација. Последните информации што ми кажуваат дури ни личен доход немаат примено за месец декември. Некои велат од технички причини, некои велат поради дополнителни консултации, меѓутоа вработените и со такви депресивни лични приходи останаа без плата. Институцијата има сериозни проблеми во функционирањето, има голем кусок за финансиски средства, започнувајќи од основната дејност закупнини за просториите во кои се извршува дејноста од главната канцеларија во Скопје, но и во подрачните канцеларии низ шест градови во земјата. Со преполовен кадар, бидејќи институцијата по основ на исполнување на границата за старосна пензија или по други основи луѓе си заминуваат од институцијата, а повеќе од година не е примен ниту еден нововработен и празните работни места не се пополнуваат. Па така согласно систематизацијата беше пополнета со 50 посто од предвидениот и потребен кадар. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека од 9-те заменици на народниот правобранител, само двајца останаа, а на 7 им е истечен мандатот и се пензионирани“, посочува Зибери.
Тој истакна дека и ако на тоа се додаде дека првиот човек на институцијата отсуствува, односно институцијата Народен правобранител е без првиот човек од 12 јули минатата година тогаш може да се процени каква е состојбата во една национална институција за заштита на човековите права која важеше за една од покредибилните институции во областа и на чии извештаи се засноваа проекции, се даваа иницијативи и се предлагаа насоки за понатамошна насока на развој на владеење на правото, заштита на човековите права и демократските процеси во земјава.
Зибери потсетува дека основната надлежност на Собранието, освен законодавната и контрола врз извршната власт е избор и именување на носители јавни функции, меѓу кои и раководители на и државни органи како што е Народниот правобранител.
„Несомнено дека Собранието потфрли. Каква порака праќаме и што значи тоа за земјата? Секако дека праќаме многу лош сигнал, пред се до Европската комисија и ЕУ, бидејќи во последните неколку извештаи на ЕУ во делот на фундаменталните права се нотираше постојано извештаите на Народниот правобранител бидат поткрепени и спроведени од страна на надлежните органи тоа значи Собранието, Владата и органите на управата. Потоа се инсистираше упорно на измени на законите за Народниот правобранител како еден од предусловите за подобрување на функционалноста, организирањето и финансирањето на институцијата, и до тоа не дојде. И како круна на ваквите промашаи дојде до тоа Собранието да не може да избере Народен правобранител“ посочи Зибери.
Поранешниот правобранител посочи дека прво е испуштен рокот за избор на Народен правобранител кој е заштитник на правата на граѓаните.
„И ако вие оваа институција ја преполовите де факто правите атентат врз една институција која се обидува да ги штити правата на граѓаните од постапките на органите на државната власт односно од органите на управа на единиците на локалната управа кои вршат јавни овластувања. Се нема слух за заштитата на правата на граѓаните. Значи институциите можат да си постапуваат ,да ги повредат права на граѓаните, а како рефлексија на тоа граѓаните да немаат каде да тропнат да ги побараат нивните права“, додаде Зибери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот народен правобранител Зибери во Топ Тема:…
Како и зошто не се избра нов…
Делегација на Стејт департментот во посета на…
Американски тим од дипломатски и безбедносни лица…
Најмалку 62 загинати во анти-владините протести во…
Бројот на жртвите во анти-владините протести во…
Франција го одложува самитот на Г7 поради…
Франција ќе го одложи овогодинешниот самит на…
Трамп отвора нов фронт? Куба остана без…
Отстранувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро сериозно…