После кирилицата, Бугарија во официјален европски документ го присвоила и македонскиот јазик
Република Бугарија во јули 2022 година доставила забелешка до Советот на Европската Унија (ЕУ), а во пресрет на усвојувањто на преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ, во која меѓу другото тврди дека македонскиот јазик е заснован врз бугарскиот литературен јазик односно дека македонскиот јазик бил создаден во 1944/45 година во рамките на поранешната Социјалистичка федеративна република Југославија (СФРЈ).
„Во врска со став 7 од Заклучоците на Советот за проширување – Северна Македонија и Албанија од јули 2022 година, во врска со став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и споменувањето на официјалниот јазик, според нејзиниот Устав, како јазик на превод на законодавството на ЕУ, Бугарија со ова го повторува следново, бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944/5 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (рекодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со народни форми, со што се симулираше ‘природен’ процес базиран на дијалекти“, пишува во документот што Бугарија го приложила како забелешка до Советот на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
После кирилицата, Бугарија во официјален европски документ…
Република Бугарија во јули 2022 година доставила…
Осуда за инцидентот со возилата на бугарската…
Осуда за инцидентот во кој денеска беа…
Бугарки „оперирале“ во Сплит — толку се…
Во центарот на Сплит, вчера напладне, полициски…
Kај „Машка плажа“ во Струга пронајдено безживотно…
Полицијата во Струга соопшти дека до нив…
(Видео) БГНЕС објави снимка од инцидентот: Се…
Бугарската информативна агенција БГНЕС објави видео од…