Објавено на:

Построги правила за загадувачите од 2027: Општините добиваат опрема, се подготвуваат регионални центри за отпад

t

Инвестициите во подобрување на системот за управување со отпад и мерките за намалување на загадувањето на воздухот продолжуваат, а општините добиваат механизација и комунална опрема за поефикасно справување со еколошките предизвици.

Министерот за животна средина, Мухамед Хоџа, информира дека во изминатите две години се започнати 300 инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на состојбите во оваа област.

Според него, општините веќе ја добиле најважната механизација и комунална опрема, додека паралелно се работи на подготовка на постапките за изградба на регионални центри за управување со отпад и претоварни станици.

СЕ ПОДГОТВУВААТ ЦЕНТРИТЕ ВО РУСИНО И НОВАЦИ

Во тек е подготовката на документацијата за јавните повици поврзани со регионалните центри во Русино и Новаци.

„Се подготвува документацијата за јавните повици за центрите во Русино и Новаци, додека центарот во Свети Николе е во завршна фаза и наскоро ќе започне со изградба“, изјави Хоџа.

Со реализацијата на овие проекти треба да се подобри регионалниот пристап кон собирањето, транспортот и управувањето со отпадот.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЕМИСИИ

Како една од клучните мерки во борбата против аерозагадувањето, министерот го посочи новиот Закон за контрола на индустриските емисии.

Законот треба да стапи на сила во септември 2027 година и предвидува построги еколошки стандарди, како и поголема одговорност на индустрискиот сектор во однос на емисиите и загадувањето.

Од Министерството веќе интензивно работат на создавање на потребните услови за ефикасна примена на новите законски решенија.

Според најавите, целта е преку инвестиции во комуналната инфраструктура, воспоставување регионални системи за отпад и построга контрола на индустриските емисии да се подобри заштитата на животната средина и да се намали загадувањето на воздухот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Построги правила за загадувачите од 2027: Општините…

Инвестициите во подобрување на системот за управување…

Унгарија нема да и испраќа оружје на…

Потпретседателката на унгарската влада и министерка за…

Силно невреме во Словенија: Возачите се криеја…

Силно невреме проследено со град, бурен ветер…

Оман предложи нов план за Ормутскиот теснец:…

Оман подготви нацрт-предлог за управување со поморскиот…