Почина актерката Ленче Делова

t

Од Драмски театар објавија дека починала актерката Ленче Делова.

– “Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова.

Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек.

Почивај во мир. 🕊️

Искрено сочувство до семејството и најблиските – објавија од Театарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ