Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата
По кратко боледување, вчера, на 74-годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата.
Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и ја завршил во 1973 година. Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 година, а највисокиот степен на воено образование – Школо за национална одбрана – завршил во Франција во 2001 година.
Генералот Бојаџиев во текот на својата воена кариера до пензионирањето во 2005 година извршувал повеќе високи должности во Армијата – како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија, началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата.
Во текот на својата кариера повеќепати добивал награди и признанија како заслуга за својата беспрекорна посветеност и залагање во армиската служба, пред сè, во унапредувањето и усовршувањето на Армијата и армиските процеси, меѓу кои е одликуван и со Медал за воени заслуги и Орден за воени заслуги со сребрени мечеви.
Генералот Ѓорѓи Бојаџиев ќе биде погребан со воени почести денес на Градските гробишта во Штип во 14 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…
Со оглед на интересот на јавноста во…
Укинати забраните за тешки товарни возила на…
Од 13:00 часот се укинуваат забраните за…
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
Охриѓанка тешко повредена во сообраќајна несреќа
На 23.12.2024 во 18:00 часот во СВР…
АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…
Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…