Почина Лилјана Алтипармакова – долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во МРТВ
Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во Македонската радио и телевизија почина денеска, соопшти нејзиното семејство.
Алтипармакова го поминала целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка, останувајќи едно од препознатливите имиња и лица на оваа медиумска куќа.
Погребот ќе се одржи утре (22.04.), во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел.