Пратеници да немаат двојно државјанство – СДСМ го поддржа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, против од Европскиот фронт

t

Собранието ги поддржа измените на законот за пратеници, со кој во иднина народните избраници нема да може да имаат двојно државјанство. Ваквата иницијатива беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ по забелешките на опозициската СДСМ дека дел од пратениците на власта имаат и бугарско државјанство. Антонио Милошоски рече дека по усвојувањето на овој закон тој ќе стапи во сила веднаш, односно ќе важи и за овој пратенички состав.

„За да биде пратеник во македонското Собрание секој ќе мора да има само државјанство на Македонија. Овој закон планирано е да влезе во сила со денот на објавувањето во Службениот весник а тоа значи дека овој закон доколку биде усвоен ќе важи и за овој пратенички состав, односно, оние пратеници кои што имаат двојно државјанство нема да можат да бидат пратеници во Собранието на Македонија.“, изјави Милошоски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се сомнева дека ова нема да важи за актуелните пратеници и дека поради тоа ќе поднесат амандмани за да се прецизира дека тоа ќе важи и за сегашните народни избраници. Вели дека ќе поднесат закон да нема двојно државјанство и за другите функционери.

„Класична измама на власта, се предлага закон за државјанства на пратеници и се предлага пратениците да не може да имаат двојни државјанства и тоа е добро, но никаде не е јасно кажано дека тоа ќе важи и за овој актуелен пратенички состав. Затоа овој закон ќе го поддржиме и амандмански ќе реагираме.“, рече Филипче.

Скендер Реџепи од Европскиот фронт е против, вели дека ова решение е противзаконско и противуставно.

„Знаеме дека граѓаните на Република Македонија и во времето на Југославија живееле заедно со Албанците од Косово и знаеме дека многу граѓани од Република Северна Македонија кои што се државјани на Република Косово секако дека го имаат ова право тие да кандидираат и за пратеници и со овој закон ова им се оневозможува на тие граѓани“, рече Реџепи.

За овој предлог реагираше и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која рече дека законот треба да важи веднаш и без исклучоци и тоа за сите избрани и именувани функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеници да немаат двојно државјанство – СДСМ…

Собранието ги поддржа измените на законот за…

„Политико“: Трамп состави список на „непослушни“ членки…

Белата куќа наводно составила еден вид „лош…

Пезешкијан: Повторното отворање на Ормутскиот теснец е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…

Кризата во Ормускиот теснец ескалира: Нападите врз…

Тензиите во Ормуски теснец повторно ескалираат, откако…

СДСМ: Мицкоски од Виена ја направи Европа…

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска упати критики…