Пратениците ги усвоија законите за судска и јавнообвинителска служба
Собранието на денешното продолжение на 108. седница ги усвои Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба, кои се дел од Реформската агенда. Од Министерството за правда велат дека се работи за едни од најзначајните законски решенија во областа на правосудството усогласени со Реформската агенда.
Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи сметаат дека двете законски решенија не се реформски и дека со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Обвинија дека двата закони нема да обезбедат независност, непристрасност и напредок во судската и јавнообвинтелската служба.
Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, посочија дека законските решенија се донесени низ демократска процедура и дека во нив се инкорпорирани и двете крупни барања на засегнатите страни.
Министерството за правда, кое е предлагач на законите, вели дека законските решенија имаат цел да придонесат за поефикасно, попрофесионално и понезависно функционирање на судската и јавнообвинителската служба.
Од Правда посочуваат дека со Законот за судска служба се воведува нов систем за класификација на работните места, вработување и напредување на судските службеници, се зајакнува кадровската автономија на судството, а се предвидува и нов систем на плати, како и посебен статус за судските стручни службеници. Законот за јавнообвинителска служба, пак, предвидува воспоставување нов систем за управување со човечките ресурси, се унапредуваат условите за кариерен развој и материјалната положба на вработените, се зајакнуваат надлежностите на Советот на јавнообвинителската служба и се воведуваат поефикасни дисциплински постапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците ги усвоија законите за судска и…
Собранието на денешното продолжение на 108. седница…
Европскиот пат повторно под знак прашалник: Историските…
И покрај бројните политички иницијативи и дипломатски…
Бугарското МНР ќе утврдува како нотата за…
Бугарското Министерство за надворешни работи нагласи дека…
Уапсен маж од Тетовско — подметнал пожар…
Жител на тетовското село Теарце вчера бил…
Казни од 1.500 до 2.000 евра –…
Од 1 јули до 31 август се…