Први најави за снег по Божиќ во Македонија
По релативно благиот почеток на неделата, синоптичката слика над Македонија се менува со засилена циклонска активност која прво носи дожд и јужен ветер, а потоа и нагло заладување со услови врнежите да преминуваат во снег. Според најавите, влажниот бран стартува со пообилни врнежи, а „вистинската промена“ се очекува по Божиќните празници, од четврток, кога студен продор ќе го смени типот на врнежите и во дел од пониските места.
За утре се најавуваат пообилни врнежи од дожд, локално над 25 литри на метар квадратен, особено попладне и во текот на ноќта, со засилен јужен ветер кој на места може да надмине 60 километри на час. Ваквите услови носат ризик од краткотрајни интензивирања на врнежите, особено во периодот кон крајот на денот.
Клучниот пресврт се очекува во четврток, 8 јануари, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер. Тогаш врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките места, но се очекува снег да има и во дел од пониските населени места. На планините, особено во западните делови, се најавува формирање нова снежна покривка, а помала покривка е можна и на пониска надморска височина.
Во петок се најавува краткотрајно преодно стабилизирање, но викендот повторно носи локални врнежи од дожд и снег, со акцент на сабота кога на места може да бидат пообилни, а температурите да продолжат да опаѓаат. Во Скопје, дожд се очекува особено кон крајот на утрешниот ден и во текот на ноќта, а во четврток снег е можен во повисоките делови од котлината; врнежи од дожд и снег се најавуваат и во сабота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Први најави за снег по Божиќ во…
По релативно благиот почеток на неделата, синоптичката…
Тешка сообраќајна несреќа: Пешак се бори за…
Тешка сообраќајна несреќа ја вознемири јавноста во…
Грипот го наполни „Козле“: 800 деца прегледани…
Сезонскиот грип го достигна својот пик, претворајќи…
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Бадникникови празнувања: Посна трпеза, „мрсни“ цени
Коледарските песни уште од рано утрионава одекнуваа…