Прво место и национален рекорд за Дарија Крстевска
Македонската атлетика доби нов историски ден, на Националното првенство и Куп натпревар на 10.000 метри, двајцата наши атлетичари испишаа нови страници во историјата на македонската атлетика.
Дарио Ивановски освои прво место во сениорска конкуренција и постави нов национален рекорд (сениори) со време од 29:07.11 минути, што е подобрување на рекордот за 24 секунди.
Во женска конкуренција, Дарија Крстевска беше првопласирана кај сениорките и оствари нов национален рекорд (У20) со време од 40:14.11 минути, што е подобрување за над две минути и 30 секунди од претходниот рекорд.
Овие резултати се јасен показател за растот и квалитетот на македонската атлетика, како и за силниот потенцијал на новата генерација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво место и национален рекорд за Дарија…
Македонската атлетика доби нов историски ден, на…
Јован Стојоски го освои 24 место на…
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го имаше својот…
Атлетичарот Андреас Трајковски освои прво место на…
Утрово на Европското екипно првенство (трета дивизија)…