Прво обраќање на Моџтаба Хамнеи: Ќе ја одмаздиме целата пролеана крв

t

Среде гласини и сценарија за неговото здравје (некои објавија дека дури е во кома откако е повреден во американско-израелски напад), новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ја упати својата прва порака откако беше избран за наследник на неговиот татко, пренесува Ал Џезира.

Во изјава емитувана на иранската телевизија, Моџтаба Хамнеи рече: „Веруваме во пријателството со соседните земји, но сме принудени да продолжиме да ги напаѓаме американските бази таму“, нагласувајќи дека иранските сили ги напаѓаат само американските бази во регионот.

Во изјавата на новиот ирански лидер се вели дека Иран „нема да се двоуми да се одмазди за злосторствата извршени од непријателот, особено за злосторството во училиштето Минаб“.

Со остар тон, тој вети одмазда за „целата иранска крв што е пролеана досега“.

Хамнеи, исто така, нагласи дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен, додека рече дека пријателските односи со соседните држави ќе бидат одржувани, но нападите врз американските бази во регионот мора веднаш да бидат затворени или ќе се соочат со напади.

-Мора да дејствуваме во сите слаби точки на непријателот. Нашите сили го блокираа патот на непријателот со своите моќни удари. Нашите моќни удари ја разбија илузијата на непријателот дека може да ја контролира и подели нашата татковина. Фронтот на отпорот е составен дел од вредностите на Исламската револуција. Доколку воената ситуација продолжи, ќе се активираат фронтови во кои непријателот нема искуство. Им се заблагодарувам на борците од Фронтот на отпорот, а ние ги сметаме земјите од Фронтот на отпорот за наши најдобри пријатели. Нема да се откажеме од одмаздата за крвта на нашите маченици. Секој маченик од нашиот народ ќе има своја посебна одмазда. Хезболах, саможртвувачката партија, ѝ дојде на помош на Исламската Република и покрај сите пречки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…

По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…