Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот веднаш избегал од местото
13-годишно девојче е тешко повредено откако во него удрило автомобил, по што возачот избегал.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информира дека настанот се случил улицата „Павле Аврамоски“ во Гостивар, вчера околу 12:30 часот.
-Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар, информира Реџепи.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот веднаш…
13-годишно девојче е тешко повредено откако во…
Филипче: Со Ахмети разговаравме за локалната самоуправа…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на…
ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар,…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница…
Уапсен маж кој извршил кражба на црквата…
Денеска (05.01.2026) во 08:50 часот на бул.„Гоце…
Багерист откопал буриња со куршуми и бомби…
Работник кој копа со багер помеѓу две…