Предизвикување верска омраза и организирање отпор: Се спремаат предметите за лицата кои протестираа за да возат без возачки дозволи
За предизвиквуање омраза и организирање отпор ќе бидат гонети лицата кои протестираа низ повеќе градови во Македонија, а откако полицијата им ги одзеде возилата поради возење без возачка дозвола.
Обвинителството соопшти дека се испитуваат елементи од член 319 од Кривичниот законик, односно за предизвикување омраза, раздор или нетпреливост врз национлна, расна, верска и друга дискриминаторска основа, за што е предвидено казна од една до пет години. Ова дело е поврзано за верските навреди кои беа искажани на еден од протестите.
Второто дело кое се разгледува, по член 387 од Кривичниот законик пак, се однесува на организирање отпор или непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, за што е предвидена затворска казна од една до три години. Ова дело се разгледува за сите протести кои беа организирани низ државата, бидејќи доаѓаат како отпор по законската постапка – одземање на возило доколку истото е управувано од лице кое не поседува возачка дозвола.
„Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат“, рекоа од Обвинителството.
Еден од демонстрантите пак, експлицитно посочи дека доколку интервенира полицијата, ќе има убиство.
За демонстрантите без возачки дозволи се испитуваат елементи за повеќе кривични дела
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предизвикување верска омраза и организирање отпор: Се…
За предизвиквуање омраза и организирање отпор ќе…
Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите…
Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека…
„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на…
Набавка на дрон специјализиран за мерење на…
Протест во Софија за фер и чесни…
Во главниот град на Бугарија, Софија, се…
Протести во Бангладеш поради смртта на студентски…
Бангладеш доцна синоќа беше зафатен од насилни…