Пренџов: Финансиите се стабилни, државата навремено ги исполнува сите обврски
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека финансиската состојба на државата е стабилна и дека сите буџетски процеси се одвиваат согласно планот.
„Состојбата со финансиите е стабилна и тоа сакам јавно да го потврдам. Добро е што дебатираме и имаме различни мислења, но факт е дека имаме стабилни финансии и точно знаеме што правиме со нив,“ рече Пренџов.
Тој појасни дека актуелната буџетска прераспределба е редовна постапка која се спроведува во текот на годината, со цел навремено сервисирање на сите државни обврски.
„Ова е уште еден доказ дека обврските на државата навремено ќе се исполнат. Средствата одат и кон Јавното претпријатие за државни патишта, како и кон проектите за железницата. Се гледа дека тоа што досега беше оспорувано – дека само се зборува, а не се реализира – сега се реализира,“ нагласи тој.
Пренџов истакна дека секој голем инфраструктурен или реформски зафат мора да биде поддржан со средства во буџетот, поради што важно е ветувањата да имаат финансиска покриеност.
„Ветивме развој, капитални инвестиции, брза железница и функционални коридори. Денес гледаме реализација на тие проекти – не плаќаме за нешто што не постои на терен,“ додаде тој.
Како втор важен сегмент, Пренџов го наведе континуираното кратење на неприоритетни трошоци во сите институции.
„Кратиме каде што може да се скрати – патни трошоци, договорни услуги, привремени вработувања. Ако ја отворите одлуката, ќе видите дека ветувањата дадени во кампањата доследно ги исполнуваме,“ изјави пратеникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пренџов: Финансиите се стабилни, државата навремено ги…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во гостување…
Битиќи: Прераспределбата на буџетот е доказ за…
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата…
Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“
Угостителот од Чаир, Недим Рама, е поставен…
Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка…
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…
Германија повторно воведува воена служба: Младите бесни…
Германскиот Бундестаг денеска го одобри повторното воведување…