Пресретнале и грабнале човек во Тетово, му се заканувале со огнено оружје
На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39) од с. Гајре пријавил дека околу 20.00 часот во с. Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М. Таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет. По преземени мерки, околу 21.50 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од с. Гајре, кои биле затекнати во патничко моторно возило „Голф“ кое претходно не запрело на даден знак за запирање на полициски службеници. Во с. Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресретнале и грабнале човек во Тетово, му…
На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39)…
Рекорден број на издадени дозволи за оружје…
Полска издаде рекордни 50.700 дозволи за оружје…
Поради врнежите од дожд свлечиште на патот…
Општина Тетово ги известува граѓаните да бидат…
Починато бебе донесено во тетовската болница
МВР информира дека вчера во 11:00 часот…
Жена од Тетово „умрела“ пред 20 години,…
Тројца вработени во Центарот за социјални работи…