Претреси во Охрид, Кавдарци и Велес, пронајдена дрога, уапсени четири лица
На 13.02.2026 во 11:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода А.И.(23) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и други предмети со остатоци од марихуна.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.02.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 44-годишната Е.Д. и А.К.(40), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Д била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна , извршен бил претрес со наредба од Основен суд Кавадарци во домот А.К,, при што биле пронајдени и одземени жолта грутчеста материја, епрувета со жолта материја, дигитална вага и црна грутчеста материја.
На 13.02.2026 во 15:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Н.Ц.(32) од Велес. затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Исто така, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на Н.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Охрид, Кавдарци и Велес, пронајдена…
На 13.02.2026 во 11:00 часот во Охрид,…
Детали за убиството на жената во Челопек:…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово…
Лишени од слобода три лица од Гостивар,…
На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце…
Уапсен маж од Старо Нагоричане, осомничен е…
На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце,…
Поднесена е кривична пријава против полицајката од…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…