Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета
на Република Бугарија по повод учеството на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба
Процес Балкан III“ во Софија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Република
Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловен „Идентификување и разбирање на заканите“.
За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката СиљановскаДавкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со кралот на Хашемитскот Кралство Јордан, Абдула Втори.
Во рамки на престојот во Софија претседателката ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се
лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III“…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе…
Израел ненадејно ја нападна Сирија, целосно уништени…
Израелската војска синоќа започна воздушни напади врз…
Русија и Белорусија исклучени од сеопфатната тарифна…
САД не ја вклучија Русија на тарифниот…
Левица: Уште нема осомничени од актуелните функционери…
По незамисливата трагедија во Кочани, која настана…
Македонските и бугарските фудбалски легенди со хуманитарен…
Македонските и бугарските фудбалски легенди ќе одиграат…