Претседателката Сиљановска: Македонија е безбедна

t

,,Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Во однос на внатрешната безбедност, Сиљановска-Давкова изјави дека врз основа на податоците од Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и од Началникот на Генералштабот, состојбата може да се оцени како стабилна и безбедна. Таа нагласи дека во моментов нема закани по внатрешната безбедност, ниту индиции за нестабилност.

Претседателката информира дека постои функционален систем за рано предупредување, заснован на координација меѓу сите надлежни институции, кои постојано ги следат и анализираат воените и безбедносните случувања во регионот. Редовно се врши проценка на ризиците, а институциите остануваат обврзани да продолжат со ваквиот пристап.

Таа додаде дека земјата е во координација со партнерите од регионот, како и со сојузниците во рамки на НАТО, нагласувајќи дека регионалните информации ќе бидат споделени на соодветните форуми.

Таа истакна дека, по апелот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, граѓаните се јавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и се регистрираат со цел да бидат евидентирани за евентуална евакуација. Формираниот кризен центар во рамки на Министерството, како што нагласи, е во континуиран контакт со сите пријавени лица.

Претседателката посочи дека главната причина за загриженоста кај граѓаните е затвореното воздушно пространство во дел од земјите во регионот, што го отежнува нивното враќање. Во одредени случаи, како што наведе, се разгледувале и алтернативни решенија, вклучително и бродски превоз, но и тие можности во моментов се ограничени. Сепак, според неа, сите македонски државјани се згрижени, безбедни и во постојана комуникација со Министерството, кое работи на изнаоѓање најбрзо и најсоодветно решение за оние кои сакаат да се вратат во земјата.

Освен безбедносниот аспект, на седницата биле разгледани и можните економски импликации, вклучително и прашањето на снабдување со енергенси. Претседателката посочи дека интерконекторот со Грција е во функција, а законските обврски за резерви на нафта од 40 до 90 дена се исполнети. Врз основа на презентираните податоци, таа изрази уверување дека во моментов нема причини за дополнителна загриженост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска: Македонија е безбедна

,,Не сме изложени на нестабилност и нема…

Саудиска Арабија одобри одмазднички напади против Иран

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман одобри воен…

Илјадници граѓани на протест во Ниш, 16…

Протестот во Ниш на 1 март се…

Трамп се согласил да разговара со новите…

Американскиот претседател вели дека новото раководство на…

Итни линии за македонските државјани: Повеќе од…

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат…