Претседателката Сиљановска не гледа партизација во новите амбасадори – 67 отсто од предлозите биле дипломати од кариера
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски потврди дека на владина седница предложил имиња за шефови на дипломатски конзуларни претставништва, но не ги откри имињата посочувајќи дека информација е од класифициран карактер, но по добивање на агреманите и отпочнувањето на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите ќе ги бранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Тимчо Муцунски-министер за надворешни работи и надворешна трговија
„По остварена таква координација со претседателката на државата и претседателот на Влада на последната седница на Влада, можам да потврдам точно е предложив како министер за надворешни работи и надворешна трговија повеќе имиња за пополнување на повеќе шеф места на шефови на дипломатски конзуларни претставништва. Над 60% од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во министерството за надворешни работи, со богата дипломатска кариера повеќе од 20 години.“
Муцунски нагласи дека процесот на менување и пополнување на овие шефовски места, согласно законот за надворешни работи тој го координира, додека пак целокупуниот процес е во координација со претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Влада Христијан Мицкоски.
Изјава Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Северна Македонија – Законот за надворешни работи ја утврдува постапката, таа започнува од министерот за надворешни работи, преку Владата па потоа ќе дојде кај мене. Сметам дека е најдобро во пополнувањето на испразнетите амбасадорски места да започнеме и акцентот да го ставиме на дипломати од кариера, и во моментов 67 проценти од предложените се луѓе од кариера,
Според информациите на ТВ 24, завчера на владина седница се одобрил список на нови амбасадори и генерални конзули. Мухарем Јусуфи е предложен за амбасадор во Шведска кој доаѓа од ресорното министерство, Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања предложен да замине за амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Поранешниот амбасадор во Украина, Крум Ефремов предложен за амбасадор во Софија, во Романија е предложен Габриел Атанасов од редовите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а за амбасадор во Приштина е предложена Катерина Тодоровска. Линда Салиеска Иљазоска од ресорното министерство, предложена е за позицијата амбасадорка во Хаг, додека Илина Мангова со позиција од невладиниот сектор е предложена за амбасадорка во Лондон. Светлана Гелева е предложена за втор мандат во Советот на Европа во Стразбур.
За генерални конзули предложени се Томислав Димитровски во Солун и Александар Крстевски во Мелбурн кои доаѓаат од редовите на министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од претходно оние кои чекаат одбрана на тезите во законодавниот дом се Веле Трпевски, Андријана Цветковиќ, Димитар Блажевски, Фадиљ Зендели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Сиљановска не гледа партизација во новите…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Албанија и Косово ќе испратат војници во…
Албанија и Косово се меѓу петте земји…
Вучиќ: Косовската војска е посилна од македонската
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој деновиве изразува…
12.000 Македонски пензионери остануваат без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во…
Му ветиле работа во црква, ја фотографирале…
Непознат измамник успеал да измами 18-годишно момче…