Објавено на:

Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој му престанува мандатот

t

Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот амандман на Основниот закон, кој предвидува дека неговиот мандат ќе заврши денот по стапувањето во сила на уставниот акт, отворајќи го патот за избор на нов шеф на државата во Унгарија.

Сујок во видео објавено на социјалните мрежи рече дека бидејќи претседателот не може да ги упати уставните амандмани до Уставниот суд за суштинска ревизија, тој нема уставни средства да го оспори тековниот амандман, и покрај неговата потенцијална несогласност со уставните принципи, објави новинската агенција MTI.

Тој рече дека со потпишувањето на законот, ја исполнува својата должност според Основниот закон, откако внимателно ги разгледал законските можности и дејствувал во согласност со својата совест.

„Мојот потпис е конечна потврда за мојата претседателска должност и знак за моето апсолутно почитување на функцијата шеф на државата во сите околности“, рече Сујок.

139 пратеници гласаа за уставните амандмани, шест беа против, а немаше воздржани.

Во понеделник, на 13 јули, унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот, кој овозможува прекинување на мандатот на претседателот Шујок, а унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека ова е важен чекор во, како што изјави, враќањето на уставниот поредок и реформата на државните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој…

Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот…

Потписот на американскиот претседател е безвреден, вели…

Врховниот лидер на Иран изјави дека кршењето…

Микробиологот Пановски предупредува: Во Гостивар има епидемија,…

Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар…

Два автобуси се судрија во јужна Чешка,…

Четириесет лица се повредени од кои девет…

Париз од 2027 година ќе го удвои…

Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување…