Објавено на:

Приведени 12 возачи, седум од нив немале возачка

t

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско и Свети Николе, а еден возач во скопско управувал возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Еден возач во Прилеп возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 12 возачи, седум од нив немале…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Трамп е поголема закана за светскиот мир…

Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд…

Трамп: Иран може да биде уништен преку…

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање…

Русија: Украина погоди нафтен терминал на Црното…

Русија денес објави дека украинските беспилотни летала…