Приведени седум лица за нападот на објект на Еврејската заедница во Скопје!

t

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје, поднесена кривична пријава, одреден притвор за две лица, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, при што во изминатиот период беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

На 30.04.2026 од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во содејство со СВР Скопје и ОСПО, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по претходно обезбедени наредби за вршење на претрес на дом и други простории, извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени седум лица за нападот на објект…

Приведени седум лица за обидот за опожарување…

Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…

Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…

Уапсени двајца дрвокрадци, едниот нападнал полицаец со…

Вистинска драма се одвивала во прилепско, откако…

Код за верификација при регистрација на возила…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Уапсен скопјанец, полицијата му нашла нож и…

Вчера во 20:00 часот на подрачјето на…