Приведени четири лица во Чачак, ја гаѓале Ана Бекута со снежни топки

t

Полицијата во Чачак, Србија, привела четири лица кои се сомничат дека синоќа, за време на дочекот на Стара Нова година на Градскиот плоштад, со снежни топки ја гаѓале естрадната уметница Ана Бекута, како и членовите на нејзиниот бенд, неофицијално дознава РТС.

Градот Чачак организираше дочек на Новата година според јулијанскиот календар на Градскиот плоштад, на кој настапи пејачката Ана Бекута со својот бенд.

Паралелно со овој дочек, две неформални групи граѓани, „Граѓани на Чачак во блокада“ и „Покретач“, организирале собирање пред просториите на градскиот одбор на Српската напредна странка, како што наведоа, „со цел бојкот на концертот што го организира Градот Чачак“, незадоволни што градските пари „бесмислено“ се трошат за концертот на Ана Бекута.

Кога започна концертот на Бекута, околу 22:30 часот, граѓаните кои протестираа пред просториите на СНС се упатија кон Градскиот плоштад и ја „нападнаа“ бината со снежни топки и леденици, пренесе дописникот на РТС.

Бекута, додека сè уште беше на бината, праша каде е полицијата, обраќајќи им се на граѓаните: „Срам да ви е“.

(Видео) Ана Бекута протерана од сцена со сила: пееше од комбе за да наплати 40 илјади евра од Чачак, иако публиката бараше да прекине со настап

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени четири лица во Чачак, ја гаѓале…

Полицијата во Чачак, Србија, привела четири лица…

Цело семејство пронајдено мртво во куќа во…

Трочлено семејство од Босна и Херцеговина било…

Жителите шокирани: Во Чачак паѓаше град во…

Катастрофална бура го погоди градот Чачак. Град…

(Видео) Полицијата спречила трагедија: Неколку минути пред…

Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи…