Притвор за четворицата скопјани кои крадеа бронзена биста во Бутел
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.
Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.
Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за четворицата скопјани кои крадеа бронзена…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна…
На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена…
Скопјанец лишен од слобода за криумчарење мигранти…
Лишен од слобода скопјанец за криумчарење мигранти,…
Орбан со писмо до шведскиот премиер: „Шведска…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша отворено писмо…
СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР…
Последниот случај со фемицид во Велесп покажа…