Проблеми за онколошки пациенти од пелагонискиот регион – Одлука што ги остави пациентите во неизвесност!

t

Пациентите од пелагонискиот регион повторно се соочуваат со патувања до главниот град за да ја примат неопходната терапија, откако прекина практиката дел од третманите да се спроведуваат во битолската болница. Децентрализацијата на онколошките услуги, која беше најавувана како значајно олеснување, траеше само неколку месеци.

Од здруженијата на пациенти посочуваат дека лекувањето поблиску до домот значително им го олеснило секојдневието на болните. Реакциите, велат, биле позитивни, а причините за прекинот најверојатно се поврзани со административни и финансиски прашања, а не со недостаток на подготвеност кај медицинскиот персонал.

Здравствените власти признаваат дека процесот на децентрализација се движи побавно од очекувањата. Како една од причините се споменува потребата од обновување на договорите со специјалистите кои доаѓале од Скопје да работат во Битола, но конкретно објаснување зошто тоа не е направено навреме засега нема.

Од Фондот за здравство уверуваат дека целта останува терапијата да биде достапна поблиску до местото на живеење, со можен напредок во текот на 2026 година.

Пациентските организации порачуваат дека покрај финансии, неопходна е и подобра координација меѓу институциите за да не трпат пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проблеми за онколошки пациенти од пелагонискиот регион…

Пациентите од пелагонискиот регион повторно се соочуваат…

АНБ вработува: Распишан јавен оглас, плата до…

Агенцијата за национална безбедност објави јавен оглас…

Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее…

„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа…

Апасиев за производството на медицински канабис: Треба…

Полицијата вчера спроведе обемна акција за заплена…

Од првичните 27 тони, запленетата марихуана во…

Запленети се околу 40 тони марихуана наводно…