Прогласена епидемија во Гостивар!
Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија во Гостивар, прогласи епидемија на подрачјето на Општина Гостивар поради нагло зголемениот број на заболени од гастроентеритис и надминување на епидемиолошкиот праг на неделно ниво.
Епидемиологот Зорица Зафировска информираше дека во изминатиот период значително е зголемен бројот на пациенти кои побарале лекарска помош, објави ТВ21.
„На Инфективното одделение се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани. На Педијатриското одделение се евидентирани 134 пациенти, од кои 105 се новозаболени деца, а уште девет деца побарале помош во Ургентниот центар. Засега сè уште не ни е познат причинителот. Редовно ја следиме состојбата, спроведуваме епидемиолошки увиди и ги анкетираме заболените пациенти“, изјави Зафировска.
Во тек се анализи за утврдување на причината за епидемијата, а надлежните институции испитуваат дали појавата е поврзана со загадување на водата за пиење, откако претходно беа регистрирани сомнежи за неисправност на водоснабдителниот систем.
Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на здравствените власти и привремено да не ја користат водата од водоводната мрежа за пиење и подготовка на храна, сè до објавувањето на резултатите од анализите и новите насоки од институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прогласена епидемија во Гостивар!
Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението…
Меси најверојатно ќе ја добие Златната топка…
Техничкиот комитет на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА)…
Лежалки „исчезнати“ во Италија, се „појавиле“ на…
Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години…
Таксист од Гевгелија ограбен во Шуто Оризари:…
На 19.07.2026 околу 05:00 часот во СВР…
Што добива светскиот шампион – „Златен глобус“…
Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето…