Продолжен притворот за шестмина осомничени за злоупотреби во прилепската болница

t

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шесте лица во случајот со злоупотреби во прилепската болница – потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска.

-Притворот е продолжен на шесте лица. Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола за продолжувањето на притворот – вели Шишковска.

Според информациите од Јавното обвинителство на Македонија, прилепското основно обвинителство ја продолжува истрагата против 32 физички и правни лица за сомнежи со јавни набавки во болницата со која институцијата е оштетена за околу 700.000 евра.

Обвинителството донесе наредба за спроведување истрага против вкупно 32 лица – 16 физички, седум правни, а девет други осомничени се гонат по скратена постапка.

Тие се осомничени за кривичните дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство како и проневера во службата. Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува – соопштува прилепското обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за шестмина осомничени за злоупотреби…

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на…

Бебе почина во Општата болница во Кичево,…

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево…

Две болници во Газа затворени поради израелската…

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти…

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Почина седумгодишно девојче кое било на болничко…

Дете старо една и пол година завршило…

Вчера, во 18:22 часот во Полициската станица…