Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка – поднесена е кривична пријава против две лица, едното е малолетник
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против две лица, меѓу кои и малолетник, поради сомнение дека со сила и закани спречувале службени лица при извршување на службени дејствија.
Пријавата е поднесена против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Според информациите од МВР, на 4 март 2026 година, во два одвоени наврати – во населбата Баглак и во селото Кошари – пријавените со употреба на физичка сила и упатување закани ги спречувале службените лица од Агенцијата за храна и ветеринарство – Скопје.
Станува збор за акција за заловување, товарење и транспорт на крупен добиток, при што осомничените се обиделе да ја попречат интервенцијата на надлежните служби.
Против нив е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Војната во Иран води до поскапување на…
Конфликтот во Украина предизвика значително зголемување на…
Опасна ескалација: Хутите влегуваат во војната против…
Хутите во Јемен, поддржани од Иран, го…
Македонија во изменет состав против Ирска
Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува…
Украина и Катар потпишаа договор за заеднички…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на…