Објавено на:

Пронајден е возачот што удри две лица во Радишани избега од местото на несреќата

t

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повреди, а возачот го напушти местото на настанот.

Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје. Со возачот е обавен службен разговор и за настанот известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, по чии насоки возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на предметот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР вчера соопшти дека во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во полицискиот билтен е наведено дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран на…

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и…

Утре затворени неколку улици низ Скопје

Утре во организација на Здружението за спорт…

Тошковски за лажните казни за „Сејф сити“:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…

Лишен од слобода возачот кој вчера во…

Полицијата го уапсила 20 годишникот кој вчера…