Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка во Муртино да напише изјава како што тој сакал
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка…
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…
Се укинуваат сите патнички возови меѓу Скопје…
Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје…
Власта место да смислува изговори да се…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска оцени дека…
Во Македонија има 705.165 вработени и 91.765…
Според податоците на Државниот завод за статистика…
Пронајден е починат 19-годишник од скопско Огњанци
МВР информира дека вчера попладне во 15:38…