Проф. Трајковски: Оваа симпатична стреа претставува катастрофа што чека да се случи
Оваа симпатична стреа претставува катастрофа што чека да се случи. Сите ја гледаат, ама малкумина знаат каква опасност по луѓето под неа крие.
Изработена е без никаков проект од лице, а не од Националниот парк „Пелистер“. Иако не треба да се сомневаме во добрите намери на градителот, подобро е да се реагира на време, отколку утре да затрупа луѓе, па да се чудиме зошто и како се случила катастрофа и никој не реагирал.
Накусо, проблемот е што РАМНАТА стреа е изработена од камења, наредени еден врз друг и поврзани, односно само залепени, со малтер или бетон. Мостови од камен постојат уште од антиката, но тие се ЛАЧНИ, а не рамни. Кривината кај лакот е таа што пренесува сили во тангенцијална насока. Колку позакривен лак, толку помали сили – и обратно.
Ако наместо закривен имаме РАМЕН носач од камен (како овој на сликата), тангенцијалните сили не можат да го носат попречниот товар, од разложување на тежината. Во тој случај се појавуаат моменти на СВИТКУВАЊЕ, за што е потребен бетон, најдобро армиран.
Кај прикажаниот носач очигледно се јавуваат моменти на свиткување, а нив – по некаква случајност – ги носи малтерот меѓу камењата. Но, прашање на време и случајност е кога тој ќе попушти, камењата ќе се одделат и конструкцијата ќе колабира.
Да се надеваме дека тоа нема да се случи додека под неа се наоѓаат луѓе, но најдобро е оваа нестабилна конструкција превентивно веднаш да се урне или барем да се постави предупредување за луѓето, да не седат под неа. Во најмала рака треба да се провери дали внатре има армиран бетон, што е малку веројатно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Оваа симпатична стреа претставува катастрофа…
Оваа симпатична стреа претставува катастрофа што чека…
(Видео) Протести и во Штип, интервенираше и…
Попладнево на повеќе локации низ земјава се…
Руте: Зеленски е подготвен за договор со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Босанка на Епстин му праќала слики и…
Името на Сана Алајмовиќ, државјанка на Босна…
Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска…
Изјавата на членката на ДКСК, Цвета Ристовска,…