Објавено на:

Професорка побарала 300 евра од студент од Турција за да положи испит

t

На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026.

Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорка побарала 300 евра од студент од…

На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип,…

Насилник во Тетово ги малтретирал жената и…

Насилник во Тетово ги малтретирал жената и…

Скопјанка добила ќотек од сосетка во Чаир

Дваесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била…

Почина режисерот Сашо Миленковски

Почина режисерот Сашо Миленковски, потврдија од Драмски…

Охриѓанец возел со 1,51 промили алкохол во…

Лишен од слобода маж од охридско, со…