Објавено на:

ПУТИН КАЖА ДЕКА ГО ПОДДРЖУВА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА

t

Владимир Путин потврди дека го примил и кажа дека го поддржува американскиот план за крај на војната во Украина, што се состои од 28 точки. Рускиот претседател кажа дека планот може да ја формира основата на конечното мировно решение.

„За овие предлози дискутиравме со Доналд Трамп на нашиот самит на Алјаска во август. Американската страна притоа побара од нас да направиме одредени компромиси и да покажеме флексибилност. Украина тогаш не ги прифати овие предлози, па овој план е нивна модернизирана верзија, што ние ги поддржуваме“, рече Путин.

Планот бара од Украина да предаде територија и дел од оружјето, да ја намали својата војска и да вети дека никогаш нема да се придружи на НАТО. САД притоа ќе обезбедат гаранции, според кои доколку Русија повторно изврши инвазија на Украина, тоа би предизвикало „одлучен координиран воен одговор“ и повторно воведување санкции за Москва. Зеленски кажа дека во следните денови ќе разговара со Трамп, кој потврди дека сака Украина да го потпише договорот на 27 ноември.

Во денешното обраќање до нацијата, Володимир Зеленски кажа дека Украина се наоѓа во еден од најтешките моменти во својата историја, кога се соочува со избор да остане без еден од своите клучни партнери или без своето достоинство.

„Украина ќе предложи алтернативи на планот изнесен од владата на Доналд Трамп. Не ја предадовме Украина кога Русија изврши целосна инвазија, нема да го сториме тоа ниту

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПУТИН КАЖА ДЕКА ГО ПОДДРЖУВА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН…

Владимир Путин потврди дека го примил и…

Поплави низ државата: ЦУК и општините во…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

Вучиќ: Ќе им понудам на САД моја…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планира…

На Украина и се потребни цврсти безбедносни…

Секое решение за Украина мора да обезбеди…

МИСТЕРИОЗНАТА БЕЛА ПЕНА ОД ВАРДАР СЕ ПОЈАВИ…

Утрово жителите на селото Таор во општина…