Радев: Македонија посакувана членка на ЕУ, но само со бугари во преамбулата на уставот
Додека во земјава премиерот Мицкоски откри дека можеби постои и друг пат за македонската евроинтеграција, според кој земјава заедно со Украина можеби би добила членство без право на глас, од Бугарија доаѓаат истите пораки.
Во кратко, нема членство без промена на уставот. Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев кој сега со мнеговото движење влезе во трка за бугарската влада, во интервју за германскиот весник „Берлинер цајтунг“ вели дека според европскиот консензус од јули 2022 година, Северна Македонија мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата и само тогаш може да започнат преговорите за членство во ЕУ.
– Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно.
Радев се чини е и против предлогот Украина да добие забрзано членство во ЕУ, процес од кој во моментво би профитирала Македонија и би ја заобиколила бугарската блокада. Избрзувањето ризикува да ги поткопа европските принципи, а Украина сè уште има многу работа за да ги исполни неопходните критериуми за членство во ЕУ, додава Радев во однос на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и Украина.
Со оглед дека Бугарија повторно ја очекуваат предвремени парламентарни избори, според последната анкета коалицијата на Радев ја зголемува предноста пред ГЕРБ на Бојко Борисов и сега преставува прва политичка сила во Бугарија со доверба од 33%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев: Македонија посакувана членка на ЕУ, но…
Додека во земјава премиерот Мицкоски откри дека…
МНР со апел: Македонските државјани во Мексико…
Поради актуелните безбедносни немири во Мексико, Министерство…
(Видео) Ексклузивна снимка од убиецот во Старо…
До редакцијата на Инфомакс стигнаа видео-снимки од…
Лукровски негира дека го седнале во градоначалничката…
По многуте шпекулации дека на кејот на…
Груби на распит во Обвинителството
Aртан Груби, осомничен за проневера во „Државна…