Радев открива: Македонија барала Орбан да стави вето на Францускиот предлог

t

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев во интервју за новинарот Бојко Василев открива дека македонската страна се обидувала да изврши влијание врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, со цел тој да стави вето на т.н. Француски предлог, но обидот не вродил со плод.

Според Радев, и покрај дипломатските напори од Скопје, Унгарија не презела чекор што би го блокирал францускиот предлог во рамки на Европската унија. Ова признание доаѓа во момент кога Радев за првпат јавно се појавува по оставката од претседателската функција и најавата дека активно ќе влезе во бугарската политика, овојпат како партиски и политички актер.

Изјавата отвора сериозни прашања и дилеми во македонската јавност. Доколку Македонија навистина ургирала кај Орбан да стави вето, се поставува прашањето како тоа се вклопува со јавно прокламираните „пријателски односи“ меѓу Орбан и актуелната власт, како и блискоста со ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, во јавноста одамна се зборува и за бизнис-интереси на Орбан и унгарски структури во Македонија, што уште повеќе ја заматува сликата – дали станува збор за неуспешен дипломатски обид, или за уште еден пример на двојни игри зад затворени врати.

Прашањето што останува отворено е:
ако постоеле блиски политички и идеолошки врски, зошто обидот за влијание пропаднал? И дали македонската дипломатија повторно играла на погрешна карта?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев открива: Македонија барала Орбан да стави…

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев во интервју…

Мило Ѓукановиќ: Ако го сретнете пред мене…

И поранешниот претседател и премиер на Црна…

BBC: Поранешниот британски принц Ендру обвинет за…

Една од наводните жртви на Џефри Епстин…

Криптопазарот без здив: Биткоинот го бележи најдолгиот…

Биткоинот поминува низ еден од најтешките периоди…

Административците ќе добијат 40 отсто зголемување до…

Владата и УПОЗ се договорија за зголемување…