Рама: Ќе направиме сè за да седнеме како рамноправни на масата на ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама, кој како што објави поради оправдани причини не допатува денеска во Брисел, реагираше преку платформата Х околу Извештајот на Европската комисија за неговата земја.
Во документот ЕК го оценува континуираниот напредок на владата „Рама 4“ кон ЕУ, но повикува темпото на реформите, кое мора да биде сеопфатно, да не се запира.
Во објавата Рама пишува дека ќе направат сè што е потребно за конечно Албанија да седне како рамноправна членка на масата на ЕУ.
„Да, го направивме тоа и ќе направиме сè што е потребно за конечно да седнеме како рамноправни на масата на ЕУ. Ајде да продолжиме, да одиме напред, заедно“, пишува Рама.
Тој ја споделува објавата на еврокомесарката Марта Кос, каде што таа напиша: „Албанија постигна невиден напредок. Овој извонреден резултат е јасен доказ за силната политичка посветеност на Албанија и јасните европски аспирации на албанското општество“.
Инаку, Рама физички на учествуваше на Самитот за проширување во Европа, кој е важен момент во дијалогот ЕУ-Западен Балкан за иднината на проширувањето.
Преку видео конференција рече дека не може да биде физички присутен, како што беше планирано, бидејќи имало проблеми со авиокомпанијата што ја користи и дека тоа било вон негова моќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…
Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…
Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…
Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…
Рама го пофали Курти за прифаќањето на…
Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…
Нова Унија може да се појави на…
Интензивирањето на интеграциските процеси во областа на…
Рама: Разочаран сум од ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…