Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен со остар предмет повредил гостин
Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откако, според пријавата, по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица.
Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката на 53-годишникот.
Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен…
Дваесет и петгодишен жител на тетовското село…
На денешен ден е „роден“ интернетот —…
На денешен ден, 6 август 1991 година, британскиот…
Нафта истекува од погоден руски танкер кај…
Еколошките организации, Гринпис и холандската ПАКС предупредуваат…
Уапсен 35-годишник од Тетовскo: се заканувал на…
Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од…
Опасна промена на времето на Балканот: Силно…
Фронтот што се приближува кон Балканот ќе…