Реакција на тврдењата на Национален парк Шар Планина – Објавата не ја отсликува реалната состојба на терен и содржи неточни и тенденциозни тврдења

t

Соопштение на Ескимо Фрирајд

Објавата не ја отсликува реалната состојба на терен и содржи неточни и тенденциозни тврдења.

Во конкретниот случај не постоеше никаква закана по животот или безбедноста на било кое лице. Напротив, се работи за незаконско и присилно запирање на македонски оператор за екстремно скијање со помош на ратраци, дејност која со години придонесува за развој на туризмот на Шар Планина и носи повеќе од 1.500 туристи годишно од целиот свет.

Спротивно на изнесеното во објавата, операторот постапувал согласно доставениот допис од Национален парк Шар Планина и нивниот официјален тарифник, врз основа на кој, по барање на самата установа, е извршена авансна уплата во износ од 5.000 евра, со образложение дека установата е самофинансирана и нема друг редовен прилив на средства.

И покрај ова, ратраците беа физички спречени да се движат, без претходно врачено писмено решение, без формална забрана и без спроведување на соодветна законска постапка на лице место, што претставува пречекорување на овластувањата, а не законско постапување.

Во овој контекст, основано сметаме дека станува збор за сплет на интереси помеѓу поединци вработени во установата Национален парк Шар Планина, како и за обид за саботажа и уништување на веќе воспоставен туристички производ, наместо за транспарентно и законско управување со заштитеното подрачје.

Дополнително, нагласуваме дека операторот кој беше запрен во овој случај е присутен на пазарот повеќе од 15 години и е првиот оператор во Европа кој го воведе и спроведува овој тип на екстремно скијање со помош на ратраци, со меѓународно признат бренд и клиенти од целиот свет.

Воедно, јавно бараме образложение и конкретни докази со кои ќе се потврди на кој начин нашиот продукт предизвикува било каква штета врз Националниот парк Шар Планина. До овој момент, не се доставени ниту стручни анализи, ниту елаборати, ниту фактички докази кои би го оправдале ваквото постапување.

Логично се наметнува прашањето: зошто институција чија основна улога е развој и унапредување на одржливиот туризам во Националниот парк, настојува да спречи и уништи веќе постоечки, светски познат туристички продукт, наместо да го регулира и унапреди?

Со ваквата постапка директно се оштетени поголем дел од сместувачките капацитети на Попова Шапка, кои зависат од ваквиот тип на туристи, како и самата компанија, за која преку медиумите се пласираат лажни информации, неосновано обвинување и јавно посрамотување на брендот, со сериозни репутациски и финансиски последици.

Остануваме цврсто определени за почитување на законите, заштита на природата и развој на одржлив туризам, но истовремено инсистираме на законско, транспарентно и непристрасно постапување, без селективност и без влијание на поединечни интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реакција на тврдењата на Национален парк Шар…

Соопштение на Ескимо Фрирајд Објавата не ја…

Германскиот врховен суд: Украина е виновна за…

Германски врховен суд ја прогласи Украина за…

Нов ултиматум на Трамп до светот: Поддржете…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри својата…

(Видео) Пак да ги гласате: Еве како…

Битпазарски урбанизам. На постоечка зграда, врз поткровјето,…

Словенија влегува во „студената војна“ за Гренланд,…

Според неофицијални информации блиски до словенечкото Министерство…