Регистрирале фудбалски клубови и креирале непостоечки натпревари: Милионска измама во Валандово
СВР Струмица, преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово, поднесе кривична пријава против две лица од Валандово поради сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавени се К.С. (66), во својство на претседател, и М.Г. (54), како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово.
Како што наведува МВР, во периодот од 2021 до 2025 година тие во повеќе наврати регистрирале фудбалски клубови за натпреварување во Општинската фудбалска лига Валандово, иако клубовите не го исполнувале минималниот број на играчи предвиден со правилникот на Фудбалската федерација на Македонија.
Со ваквите дејствија, според полицијата, бил зголемен бројот на делегати во Собранието на ФФМ, на кои им биле исплаќани надоместоци по различни основи. На тој начин, за себе и за други лица била прибавена противправна имотна корист во вкупен износ од околу 1.350.000 денари.
Во пријавата се наведува и дека осомничените изготвувале записници за наводно одиграни натпревари, во кои внесувале невистинити податоци за учесници и натпревари што, според истрагата, воопшто не биле одиграни.
По целосно документирање на случајот, надлежните институции ќе постапуваат по поднесената кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регистрирале фудбалски клубови и креирале непостоечки натпревари:…
СВР Струмица, преку Надворешната канцеларија за криминалистички…
Стружанец завршил во болница: Ловел риба со…
Стружанец се повредил со хароун додека ловел…
Почина Љупчо Грнчиштанов, еден од обвинетите за…
Уште едно лице опфатено со обвинението за…
Лавров: ЕУ не е соодветен партнер за…
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…
Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ),…