Реконструкција на Владата во јуни, кои министри ќе бидат опфатени?
Реконструкцијата на Владата, која се очекува да се случи до средината на годината, останува отворено прашање во однос на тоа кои министри би можеле да бидат разрешени поради слаби перформанси во одредени ресори. Најчесто споменувани во јавноста се министерот за правда Игор Филков и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Од ВЛЕН велат дека Филков може да биде дел од реконструкцијата бидејќи, според нив, повеќе се занимава со етнички теми.
„Министерот за правда Игор Филков може да биде вклучен во реконструкцијата на Владата бидејќи со етнички теми се обидува да го покрие неуспехот во својата работа, проблематизирајќи го прашањето за барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Што се однесува до другите имиња, до реконструкцијата на Владата има уште време“, велат од ВЛЕН.
Запрашан за ова, Филков кратко одговори:
„Да почекаме, ќе видиме“, рече министерот за правда, Игор Филков.
Претседателот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјавите на претставниците на ВЛЕН ги оцени како собирање политички поени. Тој истакна дека го поддржува министерот кого самиот го предложил во извршната власт како дел од коалицијата и дека Филков постапувал согласно Законот за употреба на албанскиот јазик.
„Министерот Филков работи согласно позитивните законски прописи на државата кои се во сила и ги почитува законите и Уставот. Во однос на реконструкцијата на Владата, засега немаме таква најава од мандатарот, што е негово право. Сите тие претходни субјективни изјави дадени од некои мои колеги – градоначалници, лидери или претставници на коалициски партнери, ги сметам за дневна политика и собирање евтини политички поени. Јас како претседател на ЗНАМ сум задоволен од работата на министерот за правда Филков и тој ја има мојата целосна поддршка“, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Премиерот најави дека реконструкцијата ќе се случи најдоцна во јуни.
Што се однесува до Фатмир Лимани, самиот претседател на неговата партија, Билал Касами, посочи дека членството е незадовоно од комуникацијата што ја имаат со него. Во реконструкцијата се очекува да бидат опфатени и други министри, а не се исклучува ниту размена на ресори меѓу коалициските партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реконструкција на Владата во јуни, кои министри…
Реконструкцијата на Владата, која се очекува да…
Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна…
Универзитетскиот професор Александар Спасеновски, во анализа за…
Петрушевски: Се плаши ли СДСМ затоа што…
Со мерката куќен притвор за Артан Груби…
Тренчевска: Никој во СДСМ не се плаши…
СДСМ воопшто не се плаши од тоа…
Нов земјотрес во Македонија!
Вечерва е регистриран земјотрес со јачина од…