Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало во Скопје. Сопственикот го проширил ресторанот на целиот тротоар и го заградил со цврсти материјали.
„Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.
Во тек е обемна и континуирана акција во општината за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал…
Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби,…
ВРЕДИ: Беким Сали, Мухамед Хоџа и Башким…
Беким Сали – прв вицепремиер и министер…
Секретарот на војската на САД: На Украина…
Секретарот на војската на САД, Ден Дрискол…
Мицкоски: ВРЕДИ нема да добие плус ресор,…
Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема…
Мицкоски: Не сме акционерско друштво да ја…
На прашање на медиумите за состојбата во…