Речиси 9000 Турци ја напуштиле Црна Гора во последните неколку недели
Од крајот на октомври, кога црногорската влада привремено воведе визи за турските граѓани, речиси девет илјади од нив ја напуштиле Црна Гора, додека 31 турска компанија што работеле во Црна Гора биле затворени во текот на ноември, објавија медиумите во Подгорица.
Причина за одлуката на црногорската влада да го укине безвизниот режим со Турција беше инцидентот што се случи на 25 октомври во подгоричката населба Забјело, кога М.Ј. (25) од Подгорица беше ранет со нож.
Иако полицијата првично тврдеше дека во ранувањето учествувале државјани на Турција и Азербејџан, подоцна се дозна дека жителот на Подгорица наводно бил ранет од двајца азербејџански државјани.
Следеа десничарски протести, за време на кои беа запалени неколку продавници во сопственост на Турци. Црногорското Министерство за внатрешни работи изјави за весникот „Вијести“ дека од 27 октомври, кога црногорската влада воведе визи за турските граѓани, 8.935 турски државјани ја напуштиле Црна Гора.
Бројот на посети на Црна Гора од Турција значително се намали, додека црногорскиот портал „Банкар“ објави дека повеќе од 30 турски компании се затвориле во последниот месец, што значи дека во просек се затвора по една секој ден.
Според податоците што порталот ги добил од Даночната управа на Црна Гора, турските граѓани регистрирале 2.140 правни лица во Црна Гора, а најчестите дејности во кои работат турските компании се трговија на големо, градежништво, угостителство, консултантски услуги и изнајмување или лизинг на автомобили.
„Бројот на турски компании што се избришани од Централниот регистар во последниот месец е 31, а од почетокот на 2025 година, 234“, изјавија од Даночната управа за порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 9000 Турци ја напуштиле Црна Гора…
Од крајот на октомври, кога црногорската влада…
Речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора…
Од крајот на октомври, кога Владата на…
Пендаровски: Освен што со својата лојалност придонесува…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на…
Ајде сите да си ги кажат желбите:…
Партијата за движење на Турците (ТХП) бара…
Турци уапсени во Скопје: Нападнале полицајци во…
Двајца турски државјани биле уапсени рано утрово…