Објавено на:

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните

t

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки. Првата фактура од редовното годишно порамнување веќе е доставена, а истото ќе се повтори и во следните два месеци, со износ за парно кој е речиси преполовен.

Зошто порамнувањето носи пониски износи, АД ЕСМ потсетува дека грејната сезона 2025/2026 започна порано (на 2 октомври 2025) и заврши подоцна од вообичаено (на 2 мај 2026). И покрај подолгото траење, во дел од периодите надворешните температури биле повисоки од прогнозите врз кои се базираат авансните фактури. Заради тоа, реалната потрошувачка на топлинска енергија испаднала пониска од авансно фактурираната, па следува порамнување со пониски износи.

Намалувањето не е исто за сите и не може да се изрази со еден процент. По завршување на грејната сезона се прави редовно годишно порамнување врз основа на разликата меѓу реално потрошената и авансно фактурираната топлинска енергија. Висината на порамнувањето индивидуално зависи од повеќе фактори, меѓу кои:

-количината на испорачана топлинска енергија до конкретниот потрошувач;

-карактеристиките на објектот (изолација, инсталации, прозори);

-енергетската ефикасност и начинот на одржување на системот за греење.

Утврдената разлика од годишното порамнување се дели на три еднакви рати и се прикажува во фактурите за мај, јуни и јули. Тоа значи дека кај еден потрошувач износот на порамнувањето ќе биде ист во овие три месеци, но нема единствен износ што важи за сите, бидејќи пресметката е индивидуална.

Летниот период, кога топлинскиот систем не е под притисок, е најсоодветен за проверки и поправки на внатрешните инсталации и радијаторите. Редовното одржување е обврска на потрошувачите и е клучно за безпрекорно греење во зима.

Редовно проверувајте ги радијаторите и по потреба заменете ги. Нивната трајност најчесто е најмалку 10 години, зависно од производителот и одржувањето.

Ако има дефект во стан каде сопственикот не реагира (на пр. не живее таму), за решавање на проблемот е надлежна Заедницата на станари согласно правилата на заедничко живеење.

По завршени интервенции, пријавете во Центарот за грижа на потрошувачи за да се овозможи непречено снабдување со топлина.

Обезбедете непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување (платени сметки за струја и функционална електрична инсталација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси преполовени сметки за парно три месеци…

Во наредните три месеци, скопјани чии домови…

Израел изврши напад врз јужните предградија на…

Израел денеска ги бомбардираше јужните предградија на…

ЕК: Зголемениот број на Руси со српско…

Иако политиката за државјанство е во надлежност…

(Видео) Трамп грубо прекина телевизиското интервју: Вие…

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто…

(Видео) Иранците поставија нов услов: ќе го…

Иран би можел да постави рок од…