Ристова: Да не се објавуваат деликатни содржини од судењето за трагичната смрт на Ивана и нејзината ќеркичка!
Поранешната врховна судијка Милка Ристова, реагира дека судењето за трагичниот настан на семејството Јовановски од Скопје, во кое жртви на семејно насилство се мајката Ивана и нејзината ќеркичка Катја, а кои загинаа по пад од балкон, ги надминува дозволените стандарди на медиумска јавност.
-Јавното информирање за текот на судењето, е гарантирано со начелото на јавност на главната расправа.
Процесните закони (пред се ЗКП и ЗПП), кои овозможуваат на граѓаните и медиумите да се следи судењето, поради транспарентност и јакнење на довербата во работата на правосудството, го гарантираат тоа, но и гарантираат и заштита на достоинството странките и другите учесници на постапката.
Текот на судењето по предметот, од трагичниот настан на семејството Јовановски од Скопје, во кое жртви на семејно насилство се мајката Ивана и нејзината ќеркичка Катја, ги надминува дозволените стандарди на медиумска јавност!
Се објавуваат исказите на клучните сведоци во постапката, во кои се изнесени, лични и семејни тајни! Во јавниот простор се изнесени деликатни содржини, па “сe суди” на моралот на родителите и другите сродници. Се стават на увид на јавноста лични тајни! Се чини дека со тоа може и да се загрози и самиот тек на судењето, а особено јавноста да влијае врз пресудувањето!, вели судијката.
Таа додава дека пред суд и пред верски исповедник, се изнесуваат најинтимни тајни, кои мора да се почитуваат.
-Тоа е загарантирано со етичките кодекси.
Затоа ако судскиот совет не наоѓа дека нема услови за исклучување на јавноста, поради заштита на лични тајни, моралот или безбедноста, обврска е на субјектите на јавноста да не објавуваат деликатни содржини, заради заштита на споменот на покојните и достоинството на семејствата, апелира судијката Ристова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристова: Да не се објавуваат деликатни содржини…
Поранешната врховна судијка Милка Ристова, реагира дека…
Снег и дожд во идните денови
Од УХМР известуваат дека во текот на…
Севернокорејски хакери нападнаа софтвер на илјадници американски…
Севернокорејски хакери се осомничени за вметнување на…
Тиса на Магјар би освоила двотретинско мнозинство…
Опозициската партија Тиса на Петер Магјар ја…
Си-Ен-Ен: Трамп може да го заврши „својот“…
Според анализа на американскиот медиум Си-Ен-Ен, претседателот…