Родител на загинато дете во „Пулс“: Овој марш не е само марш на тишината, ова е тишина што вреска – вреска по вистината, вреска по правдата, вреска по одговорност!
Денеска во Кочани со почеток од 14:05 часот започна 34-тиот протестен „Марш за ангелите“, на кој родителите и граѓаните ја искажаа својата болка и незадоволство поради недоволната одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
– Денес не сме овде од навика, не сме овде од инает. Овде сме затоа што не смееме да молчиме. Чекориме за нашите деца, за 63 ангели чии животи згаснаа прерано, за оние што требаше да растат, да сонуваат и да живеат. Овој марш не е само марш на тишината, ова е тишина што вреска – рече родител на едно од загинатите деца.
Тој додаде дека болката по загубата не поминува со време, но уште поболно е сознанието дека правдата доцни.
– Службени лица од Министерството за внатрешни работи, кои според закон имале јасна обврска да постапат, сè уште не се обвинети – истакна родителот.
Родителот нагласи: Селективната правда не е правда, молкот не е неутрален, одолговлекувањето не е случајност. Нашето барање е јасно и легитимно: правда за нив, одговорност сега!
Маршот го одбележа голем број учесници кои носеа свеќи и транспаренти, како симбол на сеќавање и повик за одговорност од надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родител на загинато дете во „Пулс“: Овој…
Денеска во Кочани со почеток од 14:05…
Се мајтапи ли некој со Гордана Сиљановска:…
Се мајтапи ли некој со претседателката Гордана…
Се огласи Јанчев: Нема ден да не…
Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, реагираше по…
Ахмети бара целосен ветинг со меѓународен надзор…
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…
Притвор за 56-годишник од Битола осомничен за…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…