Родителите на судијата Ристов тврдат дека соѕиданите 350.000 евра се нивни
Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син.
Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за вадење нова.
Давидовиќ исто така го коментираше делот од обвинението во кое Ристов се товари за непријавување стекнат имот, но посочи дека во членот од законот во кој се регулира оваа проблематика „постои двојба“, односно дека судот и судиите не се опфатени со наброените категории.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на судијата Ристов тврдат дека соѕиданите…
Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија…
Трамп: Да не бев јас, НАТО сега…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Неразјаснетиот одговор на Трамп за Гренланд ја…
Американскиот претседател Доналд Трамп не даде конкретен…
Рама ја прифати поканата на Трамп за…
Премиерот на Албанија, Еди Рама официјално му…
Сојузот на синдикати најавува протести: бараат раст…
Сојузот на синдикати на Македонија најави масовни…