Рокас: Нема прогрес во судството и борба против корупцијата – Сиљановска пак „Ако ви фрлат рагби топка, а треба да играте кошарка, проблемот е голем“
Европската унија забележува тренд на забавување на реформите во земјава со одредени позитивни примери во делот на науката и царината. Оваа констатација на Брисел денеска беше презентирана пред Националниот совет за евронтеграции која ја соопшти евроабасадорот Михалис Рокас, кој презентираше список на обврски кои земјава треба да ги исполни за да забележи напредок, вклучувајќи уставни измени, имплементација на препораките од ОДИХР, избор на Народен правобранител, измени на кривичниот законик и реформи во судството. Борбата против корупцијата најмногу загрижува во областа на владеењето на правото.
„Најмногу загрижува, се разбира областа на владеење на правото, нема никаков прогрес во функционирањето на судството и никаков прогрес во борбата против корупцијата и за последното веќе три години по ред. Вкупната независност и финансиската независност на судството е поткопано од мешањето на други државни гранки. За жал тоа исто така се префрла и на обидите на Собранието да врши притисок врз членови на судството да дадат оставка“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.
Тој додаде дека вкупната и финансиската независност на судството е поткопена од мешањето на други државни гранки. За жал, тоа ги вклучува и обидите на парламентите да вршат притисок врз членови на судството да дадат оставка.
Презентирајќи го извештајот на Европската Комисија за Македонија, Рокас му одговори на претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски. Милошоски, пред да му даде збор на евроамбасадорот, рече дека ова е 16-ти извештај со позитивна препорака и дека целата состојба станува дежаву.
“Европската унија секоја година не убедува дека сега е моментот и сака да не види како полноправен член на ЕУ. Дали тоа го прави искрено или не, наше е да процениме. А ние секоја година се правиме дека им веруваме, иако и самите имаме сомнеж дали и тие сами веруваат дека се спремни за нови полноправни членки во Европската Унија”, рече Антонио Милошски, претседател на Комисија за европски прашања.
Рокас му одговори на Милошоски: „Ние сме за целосна интеграција и ова е одговорот”.
Пред Националниот совет и Комисијата се обрати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која зборуваше дека процесот на евроинтеграции мора да се ослободи од вордингот дали има или нема политичка волја во земјата и дека треба да се анализира и перцепцијата на Европската унија, односно Европската Комисија како креатор на извештајот.
„Спортскиот речник го слушам понекогаш ме нервира. Фрлени топки, топката е во дворот, ама ако ви фрлат рагби топка, а треба да играте кошарка, проблемот е голем. Ако судијата е истовремено и капитен на тимот со којшто требате да играте. Проблемот е голем”, изјави претседателката Сиљановска Давкова.
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната презентација на извештајот предупреди од ширење на пораки од евроскептицизам во телата во кои најмногу треба да се работи за европската интеграција.
„Ниту има алтернатива ниту некој разговара за алтернативи во Европската унија, сето тоа се спинови на нечии изјави со цел да се намали дополнително желбата, ентузијазмот на граѓаните за вистинските чекори коишто треба да следат од страна на на владата”, изјави Венко Филипче.
Тој му се заблагодари на амбасадорот Рокас што експлицитно на почетокот кажал дека овој пат нема никаква алтернатива. Министерот за европски прашања, Муртезани, пак, рече дека извештајот на Европската Комисија наместо да се гледа како анализа на досегашната работа, “треба да се чита како повик за амбициозна реализација во периодот кој претстои”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: Нема прогрес во судството и борба…
Европската унија забележува тренд на забавување на…
Мециновиќ бара јавна расправа за Изборниот законик
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска најави…
Димитриеска-Кочоска: ЕК потврди – македонската економија се…
Есенските економски проекции на Европската комисија, кои…
Кос: Земјите кандидати мора целосно да се…
Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави…
Колони во маркетите за студентски ваучер за…
Од вчера до 20 декември годинава, студентите…