Објавено на:

Рубио во земјите од Персиски Залив ќе го претстави Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа слета во Абу Даби од каде денеска ќе ја почне тридневната дипломатска турнеја по земјите од Персиски Залив.

Рубио покрај Обединети Арапски Емирати ќе ги посети и Кувајт и Бахреин. Тој пред арапските сојузници од Персиски Залив ќе го претстави Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран.

Предвидено е Рубио, додека престојува во Бахреин, да се сретне и со претставници на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) – здружение на шест сунитски монархии (Бахреин, Катар, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и ОАЕ).

Иако лидерите на ГЦЦ генерално ги поддржаа напорите за запирање на американско-израелската војна со Иран, повеќето се загрижени од конкретните услови на Меморандумот за разбирање што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша минатата недела.

Едно од прашањата што предизвикува особена загриженост кај регионалните претставници е можноста за создавање фонд за обнова на Техеран од 300 милијарди долари. Лидерите од Персиски Залив сметаат дека Исламската Република ќе го искористи овој фонд за обновување на својот воен потенцијал, истовремено финансирајќи ги регионалните групи што дејствуваат како нејзини марионети. Фактот што во Меморандумот за разбирање не го засега прашањето за иранската програма за балистички ракети, исто така ги загрижува сојузниците на Вашингтон во Персиски Залив, кои во последните месеци беа изложени на ирански напади со ракети и со беспилотни летала.

Во ОАЕ, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Катар има американски воени бази. Доколку некоја од овие држави ја преиспита својата безбедносна соработка со САД, па дури и во помала мера, тоа би можело да има значително влијание врз воената стратегија на САД во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио во земјите од Персиски Залив ќе…

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа слета…

Трамп се налути на сенаторите и ги…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја…

Хорор во Бугарија: Три лица пронајдени мртви…

Три лица се пронајдени мртви во студентски…

САД воведоа нови санкции за Куба

САД вчера воведоа нови санкции против кубански…

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

Цените на нафтата забележаа нов пад на…