Рубио: САД не сакаат слаби сојузници, Европа мора да се брани сама
Американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенска безбедносна конференција порача дека САД и Европа се дел од иста западна цивилизација, но истовремено повика на темелна реформа на меѓународните институции и поцврста контрола на границите.
Говорејќи за безбедноста, Рубио истакна дека Западот може да напредува само ако ги контролира своите граници. „Ова не е израз на ксенофобија, туку темелен чин на национален суверенитет“, рече тој, оценувајќи ја безбедноста на границите како „итна закана“ за структурата на општествата и за опстанокот на цивилизацијата.
Тој нагласи дека не е потребно напуштање на системите на меѓународна соработка, но дека глобалните институции мора да се обноват. Како пример ги посочи Обединетите нации, за кои рече дека не одговориле на некои од најитните прашања. Според него, американското лидерство било клучно за постигнување кревко примирје во Газа и за носење на Украина и Русија на преговарачка маса.
Осврнувајќи се на трансатлантските односи, Рубио порача дека САД не сакаат „слаби сојузници“, туку Европа што може самостојно да се брани, за да не дојде ниту еден противник во искушение да ја тестира колективната сила. Тој додаде дека администрацијата на Доналд Трамп не сака сојузници што ќе го одржуваат нарушениот статус кво, туку такви што се подготвени да го поправат.
Во говорот, Рубио ја критикуваше и идејата за свет без граници по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, оценувајќи ја како „опасна заблуда“. Тој посочи дека Западот направил грешки со неконтролирана трговија, климатски политики и масовни миграции, додека конкурентите вложувале во сопствените економии и енергетски ресурси.
„Ги направивме овие грешки заедно. Сега им должиме на нашите народи обновување“, рече Рубио, додавајќи дека САД се подготвени да ја преземат таа задача, по можност заедно со Европа. Неговиот говор беше поздравен со аплауз од присутните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: САД не сакаат слаби сојузници, Европа…
Американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенска…
Приходите од царина во САД скокнаа за…
Владата на Соединетите Американски Држави објави дека…
Пентагон ја притиска Европа: Време е сами…
Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им…
Белата куќа објави: Намалување на царините на…
Соединетите Американски Држави (Соединетите Држави) и Република…
Мицкоски: Македонија ќе добие повластени царини од…
Македонија ќе добие повластени тарифи од САД…