Објавено на:

Русите градат нови два нуклеарни реактора во Унгарија

t

Руската државна корпорација за атомска енергија Росатом денеска соопшти дека почнала изградба на нови реактори во унгарската нуклеарна централа во Пакс.

„Излевањето бетон за темелите на зградата на реакторот го означува преминот на објектот во статус на „нуклеарна централа во изградба“, според стандардите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, објави Росатом.

Унгарската агенција за атомска енергија на почетокот на ноември ги издаде потребните дозволи за почеток на главните градежни работи. Унгарија планира да ја прошири нуклеарната централа Пакс со изградба на два реактори VVER од 1,2 гигавати, а во 2014 година ја додели работата на Нижни Новгород Инженеринг, подружница на руски Росатом.

Кон средината на септември, судот на ЕУ го поништи зеленото светло на Европската комисија од 2017 година за унгарска државна поддршка за проширување на нуклеарната централа Пакс, посочувајќи дека аспектот на јавните набавки и директното доделување договори за изградба на нови реактори бил запоставен.

Во 2018 година, Австрија ја тужеше Европската комисија пред Општиот суд на ЕУ, тврдејќи дека требало да ги провери сите аспекти на унгарската државна помош. Нуклеарната енергија не е решение за климатските промени, ниту е во заеднички европски интерес, тврдеше Виена.

Првостепениот суд на ЕУ ги отфрли сите австриски аргументи кон крајот на 2022 година, велејќи дека Комисијата не е должна да ги провери сите аспекти на унгарската државна помош. Австрија поднесе жалба на таа пресуда пред Судот на ЕУ, кој заклучи дека ЕК требало да ги земе предвид и прописите на ЕУ за државна помош и прописите за јавни набавки.

Според судските документи, главното финансирање на проектот треба да се спроведе преку руски заем во износ до 10 милијарди евра, а се очекуваше дека уште 2,5 милијарди евра ќе бидат обезбедени од унгарскиот буџет.

Росатом објави дека „продолжува да го спроведува проектот во соработка со унгарските партнери“.

Москва и Будимпешта во 2014 година потпишаа договор за долгорочен заем во износ до 10 милијарди евра за изградба на нуклеарна централа, забележаа руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите градат нови два нуклеарни реактора во…

Руската државна корпорација за атомска енергија Росатом…

Волстрит во пад: Alphabet го повлече пазарот…

Американските берзи во четвртокот забележаа остар пад,…

Грчки војник им давал тајни информации за…

Грчки војник бил уапсен во четвртокот наутро…

Нови Сад му оддава почест на македонскиот…

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре свечено…

Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека…

Ставот на Владата за уставните измени останува…